сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Страв и трепет: На најмонструозен начин уби жена и ја изеде, а сега излезе на слобода (ВИДЕО)

Страв и трепет: На најмонструозен начин уби жена и ја изеде, а сега излезе на слобода (ВИДЕО)

Пол Дурант (60) ја изел својата девојка Карен Дурел, а по 12 години „Канибалот Коста“ излезе на слобода.

Извор близок до семејството на жртвата вели дека тие проживуваат кошмар откако дознале дека наскоро ќе биде пуштен.

„Телото на Карен никогаш не е пронајдено. Нејзината смрт беше многу трауматична и остави многу неодговорени прашања зад себе. Тој човек сега ќе го сретнуваат на улица, како ќе се носат со тоа?, прашува изворот.

Канибалот Коста бил хероински зависник. Жената имала 41 година и две деца, па се развела, а Дурант тогаш, бил во бегство поради два грабежи на банка. Карен ја запознал во Бенидорм по нејзиниот развод каде се преселила во потрага по подобар и помирен живот. Недели подоцна, полицијата провали во нејзиниот стан каде пронајде крв, нож и пила со траги од човечко месо, но без тело.

Дурант во полиција рекол дека ја удрил со голем чекан.

„Откако ја убив, ја исеков со пила на помалите делови и ги изедов оние делови што сметав дека се јадат“, рече тој.

Дурант е осуден на 12 години затвор, а казната ја служеше во Велика Британија. Всушност, се вратил да ја отслужи другата казна и тоа за грабеж во траење од осум и пол години.

Дурант неодамна се досели во еден кварт во Лондон. Откако дознаа кој е нивниот нов сосед, жителите на населбата се загрижени и велат дека овој канибал многу пие и излегува по баровите. Но и го избегнуваат во голем лак.