четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Суд во Берлин донесе забрана за стари дизел возила

Суд во Берлин донесе забрана за стари дизел возила

Суд во Берлин денеска донесе одлука со која германскиот главен град треба да воведе забрана за управување на некои улици за стари дизел возила чија емисија на штетни гасови е над дозволеното.

Забраната се однесува за дизел возила што имаат Еуро5 или постари. Најновиот построг стандард е Еуро 6.

Судската постапка е покрената од Здружение за заштита на околината ДУХ, кое бара забрана на возила на дизел со Еуро4 до крајот на 2018 година, односно за Еуро 5 до септември 2019 година.

МИА