петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судар на германски и израелски авион на аеродром во Тел Авив

Судар на германски и израелски авион на аеродром во Тел Авив

Авион на германската авиокомпанија „Германија Боинг 737“ при полетувањето се судри со авион на израелскaта „Ел АЛ“ на меѓународниот аеродром Бен Гурион во блзиина на Тел Авив.

– Во инцидентот нема повредени, соопшти израелската управа на аеродромот.

Истрага за случајот веднаш е отворена, а се до нејзиното завршување тие авиони нема да летаат.

„Ел АЛ“ требало да лета за Рим, а германскиот авион за Берлин. Се проценува дека материјалната штета е голема.

– Според првичните информации, виновник за инцидентот е возач на шлепер, кој го водел авионот на германската фирма од терминалот кон пистата, наведуваат израелските медиуми.