вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Судија донел пресуда, па си пукал во гради- еве ги деталите

Судија донел пресуда, па си пукал во гради- еве ги деталите

Тајландски судија си пукал во гради во судница откако ослободил петмина муслимани осомничени за убиство и го критикувал правосудниот систем.

Судијата Канакорн Пијанчана ги ослободил осомничените поради недостиг на докази.

По пресудата, тој изговорил заклетва, извадил пиштол и се застрелал во градите.

Инцидентот се случил во петокот, а судијата преживеал и бил хоспитализиран.

Според Би-Би-Си, постои соопштение за кое се верува дека го напишал судијата и кое навестува дека тој се обидел да се самоубие поради наводно мешање во случајот.

Целиот инцидент бил пренесуван во живо преку Фејсбук, кој бил прекинат во еден момент, а судијата рекол дека се потребни јасни и веродостојни докази за да се казни некој.

–Ако не си сигурен, не ги казнувај. Не велам дека петмината осомничени не сториле кривично дело, но правосудниот процес мора да биде транспарентен и кредибилен… казнувањето погрешни луѓе од нов прави жртвени јагниња, рекол судијата.