понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судир меѓу ирански танкер и кинески товарен брод, исчезнаа 32 лица

Судир меѓу ирански танкер и кинески товарен брод, исчезнаа 32 лица

Ирански танкер за нафта се судри со товарен брод и се запали во близина на источниот кинески брег, при што 32 лица се водат како исчезнати, меѓу кои најголемиот број се Иранци, соопшти кинеското Министерство за транспорт.

Исчезнатите 30 Иранци и двајца државјани на Бангладеш се членови на екипажот од танкерот „Санчи“, од кој истекла нафта и бродот се запалил. На местото на инцидентот кинеските поморски власти испратиле полициски бродови и три бродови за чистење на местото на судирот.

Дваесет и едно члениот екипаж на кинескиот товарен брод бил спасен.

Крајбрежната стража на Јужна Кореја, исто така, испрати свој брод и авион да помогнат во потрагата.

Засега се уште не е позната причината за судирот.