сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сунак на средбата со Ли изрази загриженост поради активностите на Кина

Сунак на средбата со Ли изрази загриженост поради активностите на Кина

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак на вчерашната средба со кинескиот премиер Ли Кечијанг на маргините на Самитот на Г20 во Индија изразил загриженост поради мешањето на Кина.

– Искажав голем број различни грижи што ги имаме во различни области каде што не се согласуваме, а особено мојата голема загриженост за какво било мешање во нашата парламентарна демократија, што е јасно неприфатливо, наведе Сунак, алудирајќи на двете уапсени лица во Велика Британија под сомнение дека шпионирале во корист на Кина.

Како што вчера беше утврдено осомничениот, кој работел како истражувач на меѓународна политика во Долниот дом, бил уапсен во март од антитерористичката единица на британската полиција, заедно со уште едно лице.

Кинеските државни медиуми по средбата меѓу Сунак и Ли објавија дека кинескиот премиер навел дека двете земји „треба да се спротивстават на мешањето на трговската и економската соработка со политиката и безбедноста.