Свештениците од католичката парохија во Гдањск, во северна Полска, палеа книги, вклучувајќи и серија книги за волшебникот Хари Потер и други работи за кои нивните сопственици тврдат дека во нив има зли сили.
Католичката фондација, која користи неконвенционални методи во верската работа, објави фотографии на Фејсбук и наведе дека палењето на книгите треба да ги предупреди припадниците на парохијата на лошите влијанија „кои доаѓаат од магиите“.
Во коментарите на Фејсбук се осудува палењето на книгите и притоа се потсетува дека тоа се случувало во нацистичка Германија пред Втората светска војна.