понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светот во шок: Лимузина налета врз минувачи, најмалку 20 загинати

Светот во шок: Лимузина налета врз минувачи, најмалку 20 загинати

Полицијата во американската држава Њујорк соопшти денеска дека 20 луѓе загинале откако во градот Скохери лимузина удрила во минувачи.

Возилото според локалните власти со голема брзина се спуштило низ едно возвишение и налетела на минувачи во област од градот што е туристичка атракција.

Инцидентот се случил синоќа во градот Скохери на околу 270 км од Њујорк.

Властите денеска не ги соопштија имињата на загинатите ниту детали за инцидентот.

Истрагата на Националнииот одбор за безбедност во сообраќајот е во тек, а за денеска е планирана прес конференција, јавуваат американски медиуми. (МИА)