Светскиот економски форум, најпознат како домаќин на годишниот состанок на елитите во Давос, Швајцарија, ги замрзнува сите свои односи со руските ентитети по инвазијата врз Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин последен пат учествуваше на настанот на виртуелниот состанок „Давос Агенда“ во јануари 2021 година. Претходно тој лично присуствуваше на настанот.
Форумот соопшти дека „нема да се ангажира со ниту еден санкциониран поединец или институција во која било од нашите активности“, вклучително и годишниот состанок.
Русија и Белорусија, исто така, беа суспендирани денеска од друг меѓународен форум: Северната димензија (Northern Dimension), која ги вклучува Европската унија, Исланд и Норвешка.