Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека моментално стапката на пренесување на Ковид-19 во Европа е „многу загрижувачка“ и дека континентот е „повторно во епицентарот“ на заразата.
СЗО предупреди дека може да има уште половина милион смртни случаи од Ковид-19 во Европа во февруари.
„Повторно сме во епицентарот“, рече директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
Според него, сегашната стапка на пренос во 53 земји во европскиот регион е „многу загрижувачка“.
Зголемувањето на бројот на заболени СЗО го објаснува со недоволната вакцинација и олабавувањето на епидемиолошките мерки.
Според СЗО, бројот на хоспитализации поврзани со Ковид-19 за една недела е „зголемен повеќе од двојно“. (МИА)