вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО препорача коктел од антитела против коронавирус, еве за кого е наменет

СЗО препорача коктел од антитела против коронавирус, еве за кого е наменет

Комисијата на Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела.

-Третманот доби итно одобрување во Соединетите држави, бидејќи привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп, пренесе Ројтерс.

Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.

Во специјална изјава, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.

Други компании, исто така, се поканети да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.