сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО препорачува зголемување на акцизата за алкохол во Европа заради борба против ракот

СЗО препорачува зголемување на акцизата за алкохол во Европа заради борба против ракот

Светската здравствена организација препорача двојно зголемување на акцизите за алкохол во Европа како средство за спречување на речиси 5.000 смртни случаи од рак секоја година.

Зголемувањето на акцизите за алкохолни пијалоци е „една од најдобрите мерки“ за спречување на „потенцијално висок удар“ на ракот, соопшти европската канцеларија на СЗО, додавајќи дека најголема корист ќе имаат земјите како Русија и Велика Британија.

Агенцијата на ОН наведе дека нејзините модел-проекции покажале дека „приближно 10.700 нови случаи на рак и 4.850 смртни случаи поврзани со алкохол може да се избегнат годишно во европскиот регион со двојно зголемување на акцизите за алкохолни пијалоци“.

Ова претставува околу шест проценти од новите случаи на рак и смртни случаи поврзани со алкохол во Европскиот регион на СЗО, кој опфаќа 53 земји и територии и ги вклучува Русија и неколку земји од Централна Азија.

Регионалната канцеларија на СЗО додаде дека проценува дека 180.000 случаи и 85.000 смртни случаи секоја година „се проценува дека се предизвикани од алкохол“.

Според СЗО, 4,8 милиони нови случаи на рак се дијагностицирани во Европа во 2020 година.