вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тајфунот Гони го погоди брегот на Филипини

Тајфунот Гони го погоди брегот на Филипини

Тајфунот Гони, поради кој беа евакуирани повеќе од милион луѓе, го погоди брегот на Филипините.

Аеродромот во Манила е затворен поради тајфунот, соопштија филипинските власти.

Гони го погоди копното на истокот на земјата, во провинцијата Катандуанес, проследен со налети на ветер до 225 километри на час.

Локалната метеоролошка агенција предупреди дека во следните 12 часа ќе дуваат „катастрофални силни ветрови проследени со силен пороен дожд“.