четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тајфунот Вифа усмрти пет лица во Виетнам, а 13 се водат за исчезнати

Тајфунот Вифа усмрти пет лица во Виетнам, а 13 се водат за исчезнати

Најмалку пет лица загинаа, а други 13 се исчезнати откако тајфунот Вифа удри врз северниот брег на Виетнам, објавија утринава локалните власти, пренесе ДПА.

Тан Хоа  е најтешко погодена провинција на крабрежјето, каде три лица се загинати, а 12 се пријавени за исчезнати, се вели во соопштението на Централниот управен комитет за превенција од природни непогоди.

Повеќето од исчезнатите биле од Куан Сон, село што целото  било уништено од надојдената вода.

Едно лице, исто така, е пријавено за мртво во планинската провинција Бац Кан а второ во провинцијата Диен Биен.

Тајфунот Вифа во четвртокот се спушти врз провинцијата Кванг Нинх, каде се наоѓа локалитетот од светското наследство на УНЕСКО, Халонг Беј, и врз соседниот град Хаифон.

До саботата тој ослабна до тропска депресија, при што дождот постојано паѓаше во главниот град Ханој.

Околу 800 војници и припаднииц на националната милиција се распоредени да помогнат во спасување и расчистување од катастрофата во северо-источните провинции, каде локалното население очекува во следните денови да има многу поопасни поплави и свлечишта.

Во северен Виетнам за време на викендот наврнаа над 400 милилитри дожд , а во текот на денешниот ден се очекуваат уште 100 милилитри, пренесе ДПА.