Дванаесет момчиња и нивниот тренер по фудбал, кои беа блокирани во поплавена пештера во северниот дел од Тајланд, првпат се појавија во јавност откако беа спасени.
Беа облечени во бело-зелени фудбалски дресови и играа со фудбалска топка додека одеа кон подиумот од каде се пренесува во живо прес конференција од Чианг Рај.
Медиумскиот настан е организиран една недела по драматичното спасување на момчињата.
На прес конференцијата сите момчиња се претставија едно по едно.
По спасувањето младите фудбалери и тренерот минаа една недела во болница во Чианг Рај на околу 60 километри јужно од пештерата Там Луанг-Хун Нам Нанг Нон долга 10 километри.
Младите беа принудени да поминат повеќе од две недели во пештерата откако отишле во неа да ја разгледаат по тренинг на 23 јуни по што надојдена вода им го блокираше излезот.
– Тоа е чудо, изјави 14-годишниот Адул Сан-Он кој одговори на англиски на британските нуркачи кои ги открија по девет дена без никаков контакт со надворшениот свет.
МИА