понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тајландските дечиња се враќаат во пештерата: Утре ја напуштаат болницата, па повторно ќе го проживеат пеколот кој го поминаа (ВИДЕО)

Тајландските дечиња се враќаат во пештерата: Утре ја напуштаат болницата, па повторно ќе го проживеат пеколот кој го поминаа (ВИДЕО)

Дванаесетте деца од Тајланд и нивниот фудбалскиот тренер кои после 21 ден беа спасени од поплавената пештера утре ќе одат во своите домови.

-Дечињата ќе одржат прес конференција за медиумите, затоа што сакаме да го задоволиме интересот на јавноста, кажа портпаролот на Владата, Сансерн Кавекамнерд.

Дечињата и нивниот тренер беа безбедно извлечени од пештерата Там Луанг минатата недела во спасувачката операција која го привлече вниманието на целиот свет.

Извлечените млади фудбалери и тренерот се наоѓаат во болница во северниот град Чијанг Раи од кога се спасени.

Властите се загрижени како на дечињата и на нивното ментално здравје после се што пројдоа ќе влијае неочекуваната слава и интересирањето на медиумите. Затоа е одлучено утрешната конференција за новинарите да биде внимателно контролирана.

Новинарите ќе мораат да ги даваат прашањето однапред, кои потоа ќе ги прегледа и одобри психолог. Одобрените прашања потоа на дечињата ќе им ги постави модератор.

„Сега се чувствувам добро“, „Не морате повеќе да се плашите, сега сме сигурни“, „Благодарам на луѓе кои дојдоа да не спасат“… беа само дел од пораките пратени од храбрите деца од болницата.

Посебно емотивна беше заедничката фотографија со нуркачот, Саман Кунан, 38 годишниот маж кој загина обидувајќи се да ги спаси заробените дечиња.

Да потсетиме, младиот фудбалски тим со тренерот беше скоро три недели заробен во пештерата од која не можеа да излезат затоа што нивото на водата многу се подигна поради обилните и големи врнежи. Ги пронајдоа после десетина дена живи и здрави, а само извлекувањето траеше три дена.