среда, 24. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“

„Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е прогласен за „Личност на годината“ на магазинот Тајм.

Тој беше еден од 10-те поединци или групи што влегоа во потесниот избор на почетокот на оваа недела.

Зеленски ја води Украина и во исто време од крајот на февруари се справува со руската инвазија врз неговата земја, со што стана лидер на светската сцена. Тој е одговорен за серија победи во војната што во голема мера ја спречи Русија да напредува и ѝ овозможи на Украина да врати територии што беа окупирани од Русија.