понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тајван го менува изгледот на пасошот за да се избегне сличноста со кинескиот

Тајван го менува изгледот на пасошот за да се избегне сличноста со кинескиот

Тајванските власти денеска соопштија дека ќе го сменат изгледот на пасошите во земјата за да се избегнат сличности со кинеските пасоши.

На предната страна на новиот тајвански пасош, зборот Тајван ќе биде со големи букви, а официјалното име на земјата – Република Кина со намалени букви.

Владиниот портпарол Тинг Ји-минг на прес-конференција рече дека дизајнот е заснован на одлука на законодавството на Тајван во јули и дека целта е „да се избегне тајванските државјани да се сметаат како кинески кога патуваат во странство“.

Министерството за надворешни работи на Тајван ќе започне со издавање на новите пасоши во јануари. (MИА)