Тајванското Министерство за одбрана потврди дека Кинеската Народноослободителна армија (ПЛА) денеска истрелала „неколку наведувани проектили од класата ’Тонгфенг’“ во водите североисточно и југозападно од островот, јави ДПА.
Портпаролот на министерството кратко изјави дека вооружените сили на Тајван ги следеле истрелите во реално време, откако биле откриени во 13:56 часот (0556 GMT) и веднаш ги активирале соодветните одбранбени системи.
Министерството ја осуди „оваа ирационална акција што го поткопува регионалниот мир“, додава германската агенција.
Потврдата од Министерството за одбрана се чинеше дека е една од првите индикации дека Кина всушност ги почнала воени вежби со боева муниција од воздух и море, како што претходно беше објавено од Источната борбена команда на ПЛА за „заеднички вежби за обука“ во шест области околу Тајван.
Кинеската Народноослободителна армија соопшти дека спроведе успешна вежба за гаѓање со боева муниција во близина на Тајван.
Во соопштението објавено на платформата WeChat, се прецизира дека бил извршен далечински директен напад кон целните области во источниот дел на Тајванскиот теснец.
ПЛА нагласува дека „се постигнати очекуваните резултати“.