понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанци упаднаа во најпознатиот хотел во Кабул, се ликвидираат гости

Талибанци упаднаа во најпознатиот хотел во Кабул, се ликвидираат гости

Најмалку четворица напаѓачи вечерва упаднаа во хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул. Тие прво ги киднапирале гостите, а потоа почнале и да ги ликвидираат.

Како што јавува агенцијата TOLO news, полицијата го обиколила регионот и хотелот. Се стравува дека има голем број мртви.

Специјалците во секој момент треба да влезат во хотелот. Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци.

Хотелот „Интерконтинентал“ беше мета на напад на талибанците во 2011 година, кога загинаа 21 човек, меѓу кои деветмина напаѓачи.