недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците формираа трипартитен комитет за решавање на медиумски прашања

Талибанците формираа трипартитен комитет за решавање на медиумски прашања

Радикалното талибанско движење, кое од неделата ја презеде контролата врз Авганистан, најави создавање трипартитен Комитет за решавање на медиумски прашања.

– Во Кабул е формиран трипартитен комитет за решавање на медиумски прашања. Во него се вклучени компетентен претставник на комисијата за култура на Исламскиот Емират на Авганистан, заменик-претседателот на асоцијацијата за заштита на медиумите и претставник од штабот на провинциската полиција во Кабул, напиша на Фејсбук портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид.

Претходно, неколку авганистански новинари, претежно жени, објавија дека биле отпуштени од работа откако талибанците ја презеле власта. ТВ презентерката на националната Радио и телевизија Авганистан, Шабнам Кан Давран, изјави дека радикалите и забраниле дури и да влезе во канцеларијата на компанијата. (МИА0