недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

Талибанските власти им наредија на сопствениците на сите забавни паркови во Авганистан да не им дозволат на жените да влегуваат, што е уште една забрана со која соочуваат Авганистанките.

Мохамед Садек Акиф Мухаџир, портпарол на талибанската полиција за морал, позната како Министерство за пропагирање на доблест и спречување на пороците, ја потврди веста за ДПА, но одби да коментира за причината.

Министерството во март нареди сите забавни паркови во градот Кабул да бидат сегрегирани врз основа на пол.

Талибанската влада постепено воведува ограничувања во јавниот живот откако се врати на власт за време на хаотичното повлекување на силите на НАТО предводени од САД во август 2021 година. (МИА)