среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците одат од куќа во куќа низ Кабул и бараат лица од нивниот црн список

Талибанците одат од куќа во куќа низ Кабул и бараат лица од нивниот црн список

Авганистанскиот амбасадор во ОН Гулам Исзаи изјави денеска дека жителите на Кабул „живеат во апсолутен страв“.

-Ние сме крајно загрижени дека Талибанците нема да ги исполнат ветувањата што ги дадоа во Доха и на други места. Ги видовме Талибанците како ги прекршуваат своите ветувања. Видовме грозоморни сцени со масовни егзекуции и насочени убиства на цивили во Кандахар и другите поголеми градови. Не смееме да дозволиме ова да се случи во Кабул, кој беше последното упориште за многу луѓе кои бегаат од талибанската одмазда. Жителите на Кабул велат дека Талибанците веќе започнале претреси од куќа до куќа. Тие бараат луѓе од нивната црна листа. Веќе има извештаи за убиства на овие луѓе и грабежи низ градот, рече Исакаи.