петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Талибанците уапсија седум терористи од Исламска држава

Талибанците уапсија седум терористи од Исламска држава

Вкупно седум милитанти на Исламската држава се приведени во Авганистан поради подготовка на напади во провинцијата Хост, соопшти вечерва гувернерот на провинцијата Мохамад Наби Омари.

-Талибанските борци приведоа седум борци на ИД кои планираа терористички напади во провинцијата Хост. За време на сослушувањето, тие дадоа важни признанија, изјави гувернерот, цитиран од катарската телевизија Ал Џезира.

Во експлозија во џамија во југоисточната авганистанска провинција Хост минатата среда загина едно лице, а 14 беа повредени. Одговорноста за нападот ја презедоа екстремистите од ИД. (МИА)