Најмалку пет авганистански војници се убиени во напад на контролен пункт во западната провинција Фарах кој денеска го извршиле талибанците.
Потпаролот на локалниот гувернер, Мохамед Насер Мехри изјави дека во нападот се повредени двајца војници. Тој информира дека во престрелката која траела три часа биле убиени шестмина талибанци, а тројца биле ранети.
Иако никој не ја презеде одговорноста за нападот во Фарах, Мехри ги обвини Талибанците кои ги интензивираа нападите против припадниците на авганистанските безбедносни сили. Талибанците преземаа одговорност за нападот од утрово во источната провинција Газни во кој беа убиени четворица полицајци.
(Миа)