Танкер со нафта под знамето на Либерија налета на мина во Црното Море во близина на брегот на Романија. Танкерот „Али Најафов“ претрпел мала штета, а екипажот е безбеден. Во тоа време тој пловел во близина на каналот Сулина, изјави Јорук Исик, шеф на консултантската компанија „Босфор Обсервер“.
Ова е втор танкер овој месец што налета на пловечка мина.
Русија се повлече од договорот со кој се овозможува безбеден транспорт на украинското жито. Оттогаш, Украина воспостави привремен „хуманитарен коридор“ за товарни бродови. (МИА)