четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таткото на фудбалерот Винсент Компани стана градоначелник

Таткото на фудбалерот Винсент Компани стана градоначелник

Пјер Компани, таткото на белгискиот фудбалер Винсент Компани, ќе биде првиот белгиски градоначелник од субсахарска Африка во една од бриселските општини, Гансхорен.

Пјер Компани се кандидараше на листата на демохристијанска партија ЦДХ и победи со 28 отсто од гласовите во оваа општина во северот на главниот град.

Белгиските медиуму неговата победа ја нарекоа историска бидејќи ова е прв пат на чело на една белгиска општина да застане црномурест кандидат.

Роден 1947 година во Конго, некогашна белгиска колонија, Пјер Компани започнува со студии ве неговата родна земја, но по крвавите протести против студентите на универзитетот во Кинсаша, тој заминува за Белгија каде седум години живеел како политички бегалец. Во тоа време се запишал на факултет истовремено работејќи како таксист. Освен инженерска диплома набрзо Компани се стекнал и со белгиско државјанство.

Фудбалот, вели тој, секогаш била една од неговите пасии, и додава “крушката под крушка паѓа„.

Винсент Компани, капитен на Манчестер Сити и неговиот брат, Франсоа, кој исто така игра фудбал, на својот татко му честитаа преку Инстаграм.Една од клучните точки во неговата изборна програма се културниот диверзитет и подобар соживот, во општина и град кои бројат огромен број различни култури и вери.