Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство, пренесуваат светските медиуми.
Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. Препорачано е сите што би го виделе да пријават во локалната полиција.
Убиството се случило во областа Воклус, во познатата туристичка област Прованса, на Азурниот брег.
Локалните медиуми објавија дека хеликоптер, кучиња и други ресурси биле распоредени во областа за да помогнат во потрагата по осомничениот.