недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Температурите ќе бидат повисоки од просечните- научниците откриваат каква ќе биде 2019. година

Температурите ќе бидат повисоки од просечните- научниците откриваат каква ќе биде 2019. година

Следната година ќе биде 19-та рекордна година во која температурите ќе бидат повисоки од просечните.

Според раните прогнози кои доаѓаат, изгледа дека следната 2019-та година ќе биде рекордна што се однесува до температурите, предвидуваат научниците. Температурата ќе порасне за повеќе од еден степен и така ќе се доближи до рекордната температура од 2016-та година, кога се забележани температури повисоки за 1,5 степени од периодот 1850-1900-та година, што е основа за мерење на глобалното затоплување.

Климатските промени го предизвикуваат тој раст на температурите, но и благото загревање кое го поттикнува Ел Нињо, кое ќе влијае на температурите.

Прогнозите кои ги подготвил “Мет Офис” на крајот од 2017-та година за оваа, се покажале блиску до температурите кои сме имале можност да ги почувстуваме. Овие предвидувања за топли и рекордни години го продолжуваат досегашниот тренд.

Нашите прогнози предвидуваат дека кон крајот на 2019-та година ќе ја забележиме 19-тата година која урнала рекорд според температурата – рекол Адам Скаиф од “Мет Офис”.

Нагласуваат дека петте најтопли, рекордни години, се забележани од 2015-та година.

Сите тие години биле околу еден степен потопли од пред индустрискиот период- нагласува Даг Смит од “Мет Офис”.

Последните предупредувања за топлите години доаѓаат откако Светската метеоролошка организација открила како 2018-та била меѓу најтоплите некогаш забележани, а потопли од неа биле само 2015, 2016 и 2017-та година.