недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тензично во Кабул: 5 лица се застрелани во близина на аеродромот

Тензично во Кабул: 5 лица се застрелани во близина на аеродромот

Пет лица, кои се здобиле со прострелни рани во областа во близина на аеродромот во Кабул, се пренесени во болница, а ситуацијата таму се уште е многу тензична, објави денеска меѓународна медицинска организација.

–Најмалку пет нови пациенти се пренесени од аеродромот во болница со повреди од куршуми. Хаосот продолжува да владее во таа област, се наведува во соопштението на организацијата „Имерџенси“, кое беше објавено на нејзиниот налог на Твитер.

Талибанските бунтовници го освоија Кабул на 15 август, преземајќи целосна контрола над авганистанскиот главен град за само неколку часа.