недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тереза Меј запрепастена: Британски државен секретар суспендиран поради напад на активистка (ВИДЕО)

Тереза Меј запрепастена: Британски државен секретар суспендиран поради напад на активистка (ВИДЕО)

Државниот секретар во британското Министерство за надворешни работи, Марк Филд, денеска е суспендиран додека ја чека истрагата затоа што ја фати за врат и ја турна активистката на „Гринпис“, која протестира против климатските промени прекинувајќи го говорот на британскиот министер за финансии, Филип Хамонд.

„Премиерката ја виде снимката и смета дека е многу загрижувачка“, изјави портпаролката на британската премиерка, Тереза ​​Меј, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот на Конзервативната партија, Брендон Луис, изјави дека Филд е под истрага на владата и дека е многу тешко да се брани снимката, но дека истрагата ќе се справи со сите детали за тоа што се случило.