недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Терористи убиле 16 лица во дводневен напад врз село

Терористи убиле 16 лица во дводневен напад врз село

Непознати терористи убиле 16 лица при напад врз село во северниот дел на Буркина Фасо, потврди денеска локалната Влада.

Екстремисти во саботата и неделата го нападнале селото Побе Менгао во провинцијата Сум во близина на границата со Нигер, се вели во соопштение на гувернерот Салфо Каборе.

Локалните жители го пријавиле нападот кај локалните медиуми претходно оваа недела, но владини претставници само го потврдија инцидентот денеска рано наутро.

Идентитетот на напаѓачите и нивната припадност се уште се непознати.

Северниот дел на Буркина Фасо, кој граничи со Мали и Нигер, служи како засолниште за исламистичките екстремисти кои редовно го напаѓаат цивилното население.

Според Обединетите нации, Букина Фасо, земја со околу 20 милиони луѓе, е една од десетте најсиромашни нации во светот.