недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Тесла“ повлекува 1,1 милион возила поради дефект

„Тесла“ повлекува 1,1 милион возила поради дефект

Автомобилската компанија „Тесла“ повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефекти во системот за автоматско спуштање и кревање на прозорците што може да не открие пречка при движење на прозорец и да предизвика повреда, пишува „Блумберг“.

Самоуправувачкото отворање и затворање работи така што спречува повреда на патниците во возилото – со запирање на прозорецот ако тој наиде на пречка. Ова масовно повлекување опфаќа возила „Модел 3“ (произведени 2017 – 2022), „Модел Ипсилон“ (2021 – 2022), „Модел С“ и „Модел Икс“.

Компанијата соопшти дека засега не се пријавени какви било барања во однос на гаранциите, како ни незгоди, несреќи, повреди, ниту смртни случаи поврзани со овој проблем.