Во главниот град на Тајланд денеска е уапсено 14-годишно момче, за кое Би-би-си, повикувајќи се на полицијата во Бангкок, јави дека со пиштол убило три лица, а ранило други четворица.
На социјалните мрежи може да се видат снимки од бегството на посетителите од шопинг центарот, што беше затворен веднаш по пријавата на нападот, како и блиската станица на метрото.
На една од снимките се гледаат луѓе како се кријат во затемнета просторија од ресторан во центарот.
Локалната телевизиска станица Канал 3 објави дека од тоалетите на трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.
Премиерот Срета Тависин изјави дека се уште чека детали за инцидентот.
Портпаролот на полицијата Ачајон Краитонг изјави дека началникот на националната полиција испратил полициски екипи за контрола на областа.
Вооруженото насилство е вообичаено во Тајланд.
Поранешен полицаец лани уби 22 деца во градинка, а во 2020 година војник уби најмалку 29 лица и рани други 57 во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.