Американската амбасадорка во ОН Линда Томас-Гринфилд денеска изјави дека американската администрација на претседателот Џо Бајден уште од првиот ден на војната во Украина јасно стави до знаење дека на оваа земја ќе и обезбеди само оружје за одбрана од руските напади.
-Не даваме никакво оружје што ќе им овозможи на Украинците да ја нападнат Русија од Украина. Претседателот Бајден, исто така, беше многу јасен во врска со ова прашање, дека ние не сме и нема да станеме страна во војната, но ќе ги поддржиме напорите на Украина да ги брани нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, рече Томас Гринфилд на брифинг за медиумите во ОН, пренесе Си-Ен-Ен.
Советникот на украинскиот претседател, Алексеј Арестович, претходно за истиот американски медиум изјави дека воената победа против Русија е „ малку веројатна“ доколку САД ја прекинат испораката за Киев на артилеријата со долг дострел. (МИА)