среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија: Најмалку 30 рудари загинаа во Авганистан

Трагедија: Најмалку 30 рудари загинаа во Авганистан

Најмалку 30 рудари денеска загинаа во северно авганистанската провинција Бадакшан, по лизгање на земјиштето, соопшти полицискиот командир на провинцијата, Санаулах Рохани.

Тој рече дека седуммина рудари кои се наоѓале во рудникот во моментот на несреќата се повредени.

Провинцијата Бадакшан се наоѓа во областа Кохистан, каде што лизгањето на земјиштето е честа појава во планинските предели на Авганистан.