Најмалку 43 лица загинаа во шумските пожари што беснеат со денови во северниот дел на земјата, според алжирската полиција, јави Би-би-си.
Над триесет пожари беа изгаснати за време на викендот, но дел од нив сè уште горат, па се очекува зголемување на бројот на жртви.
Над 1.000 семејства беа евакуирани од најлошо погодените области.
Тринаесет лица беа уапсени поради сомнение за вмешаност во избувнување пожари. (МИА)