недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Алпите: Застрелан млад велосипедист, мислеле дека е дивеч

Трагедија во Алпите: Застрелан млад велосипедист, мислеле дека е дивеч

Вистинска трагедија се случи на  француските Алпи, кога беше застрелан 34-годишниот велосипедист, Марк Сатон.

Сопственикот на ресторан во Британија, Сатон во саботата вечерта возел велосипед низ Алпите, кога бил застрелан од ловџии.

22- годишниот ловец, кога сфатил што направил, се онесвестил и му била пружена болничка помош.

-Британецот загина веднаш откако беше погоден. Несреќата се случи во густа шума во близина на скијачкиот центар Монтрионд. Ловецот падна во длабок шок, кога сфатил што направил. Сега го чека судење и затвор, потврдуваат полициски извори за британските медиуми.

Ова е последен трагичен случај на застрелан човек за време на ловната сезона во Франција.

Лани загина 59-годишен планинар во кого пукал ловец на диви свињи, а кон крајот на сезоната на лов лани беше убиено и 13-годишно момче во кого по грешка пукал неговиот дедо. Лани беше убиена и една жена, која седела во својот двор, кога ја погоди заскитан куршум на ловџија.

Во 2016-та се забележани дури 18 смртни случаи во ловечки несреќи во Франција, како и голем број повредени.