четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во центарот на Будимпешта: Седум мртви, над 20 исчезнати (ВИДЕО)

Трагедија во центарот на Будимпешта: Седум мртви, над 20 исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа а 21 се водат како исчезнати откако туристички брод се судри со друг брод на Дунав во близина на центарот на Будимпешта.

Несреќата се случи синоќа, во близина на унгарскиот парламент, а при судирот еден од бродовите, на кој имало главно туристи, се превртел и потонал.

Седум патници со полесни повреди се префрлени во болница, јавуваат агенциите.

На бродот што потона во моментот на несреќата имало 33 патници од Азија и двајца членови на унгарскиот екипаж, јави државната телевизија, повикувајќи се на полициски извори.

Во потрагата по преживеаните учествувале 96 пожарникари со помош на бродовите паркирани од страна кои ја осветлиле реката со рефлектори.

Портпаролот на компанијата во чија сопственост е бродот „Сирена“ соопшти дека немало никакви индикации дека бродот има проблеми.

„Не можеме да потврдиме зошто потона бродот, ова беше сосема обичен ден и ова е редовно патување. Немаше никакви назнаки дека вакво нешто може да се случи“, изјави портпаролот.

Јужнокорејската агенција Јонхап јави дека на унгарскиот брод имало патници од Јужна Кореја.