Најмалку деветмина ученици се удавија при превртување на брод во јужниот дел на Камбоџа.
Спасени се четири лица, ученици и членови на екипажот. Во тек е потрагата по двајца ученици, соопшти тамошната полиција.
Од полицијата појаснија дека на бродот, што ја преминувал реката Меконг, имало повеќе лица од дозволеното, а во него немало елеци за спасување.
Учениците на возраст од 12 до 14 години, живееле на речен остров и го користеле бродот речиси секојдневно за време на сезоната на дождови.
Во сушниот период, реката има малку вода или воопшто ја нема. (МИА)