Во Киргистан девојче загина од гром, а уште две деца се повредени, соопшти Министерството за здравство на земјата за Интерфакс.
Несреќата се случила во градот Токмок додека учениците се враќале од училиште.
Двајца повредени ученици се хоспитализирани и нивната состојба е задоволителна, пренесуваат медиумите.