Единаесет луѓе загинаа, а 43 се здобија со повреди, при превртување на автобус денеска близу источниот марокански град Таза, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Официјалната новинска агенција МАП извести дека следува истрага за да се открие причината за несреќата.
Повредени патници се префрлени до блиска болница.
Претходно, локални медиуми јавија за обилен дожд во областа.
Несреќите на патиштата во Мароко се чести, особено кога тие се поплавени од обилниот дожд. (МИА)