Двајца Германци загинале во инциденти при новогодишната ноќ додека активирале огномет. Несреќите се случила во областа Бранденбург, во околината на Берлин.
Во едниот случај 35-годишен маж бил убиен од силината на експлозијата, додека во другиот случај настрадало 19-годишно момче кое активирало домашно направен огномет.
За време на прославите во Берлин и во Келн биле пријавени по десетина случаи на сексуално малтретирање на жени кои излегле на плоштадите да ја пречекаат Новата година. Германската полиција постави посебни безбедносни зони за женските славенички, за да се спречи повторување на масовните инциденти од Келн пред две години, кога стотици жени пријавија дека биле малтретирани, пред се од насобрани мигранти.
Црната хроника при прославата на Новата година во Германија продолжи во Дизелдорф, каде едно лице било тешко повредено откако посетител на ноќен клуб намерно влетал со својот автомобил во насобраните славеници. Полицијата се уште трага по напаѓачот и се уште не е утврдено дали се работи за обид за терористички напад или за инцидент предизвикан од расправија.