Заврши потрагата по жртвите од вулканот Фуего во Гватемала, соопшти тамошната Агенција за управување со природни катастрофи (КОНРЕД).
-Потрагата е трајно запрена во градоввите Сан Мигел, Лос Лотес и Ел Родео… зоната е ненаселлива и од висок ризик, соопшти Агенцијата, пренесува Ројтерс.
Најмалку 110 луѓе загинаа, а 197 се водат за исчезнати по ерупцијата на вулканот.
Ерупцијата на Фуего која се случи на 4. јуни е најсмртоносната ерупција во последните четири децении.
Американската влада тогаш изрази сочуство за жртвите и порача дека пратила итна помош на барање на Гватемала, која вклучува и финансиски средства за да се помогне во снабдубањето со храна и вода, како и санитарни потреби на оние кои беа затечени од вулканот.
Белата куќа исто така, соопшти дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе испрати авион за да помогне повредените да се префрлат на Флорида заради лечење.
Институтот за сеизмологија и вулканологија на Гватемала претходно предупреди на ново изливање од западната страна на вулканот Фуего.