четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Армијата ќе ја чува границата со Мексико

Трамп: Армијата ќе ја чува границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја употреби армијата за да ја заштити јужната граница на САД со Мексико.

– Се додека немаме ѕид и соодветна безбедност, границата ќе ја чува војската. Тоа е голем чекор. Не можеме да имаме луѓе кои влегуваат во нашата земја илегално, исчезнуваат и никогаш не излегуваат пред суд, истакна Трамп.

Тој додаде дека за тоа ќе разговара со секретарот за одбрана Џејмс Матис.

МИА