Поранешниот американски претседател Доналд Трамп одржа говор на една свадба при што се пожали на загубата на изборите, го критикуваше актуелниот претседател Џо Бајден, односите со Кина, Иран и кризата на јужната граница, а на крајот на говорот им посака среќа на младенците.
Тој зазеде централно место на венчавката и зборуваше две и пол минути опфаќајќи голем број теми, вклучувајќи ги, како што рече, недостатоците на Бајден, надворешната политика, односите со Кина и Иран и ситуацијата на границата со Мексико.
-Слично како на митинзите, тој ги праша собраните: „Дали ви недостигам“, а потоа наздрави за младенците.
„Добивам разни извештаи. Тие ми кажуваат за границата, за Кина, за Иран. Ние сме подготвени да склучиме договор, тие се подготвени на сè. И тогаш овој тип (Бајден) оди и ги укинува санкциите и вели дека би сакал да преговара“, рече Трамп.
Тој рече дека истото се случува и со Кина.
„Никогаш не се однесуваат така кон нас. Она што се случи пред неколку дена беше ужасно”, рече Трамп.