четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп: Иранците ќе добијат поддршка од САД „во вистински момент“

Трамп: Иранците ќе добијат поддршка од САД „во вистински момент“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги поддржат иранските демонстранти „во вистински момент“.

– Голема почит за луѓето во Иран кои се обидуваат да се ослободат од нивната корумпирана влада. Ќе добиете повеќе поддршка од САД во вистинско време, напиша Трамп на Твитер.

Претставник на судската власт, пак, денеска соопшти дека еден граѓанин на европска земја е уапсен за време на антивладините протести во Иран. Тој не прецизира од која националност е уапсениот.

– Лицето е обучувано од европски разузнавачки служби и ги предводеше немирите, изјави Хамидреза Аболхасани, началник на окружниот суд.