понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја брани Пелоси во нејзините тензии со демократите

Трамп ја брани Пелоси во нејзините тензии со демократите

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот конгрес Ненси Пелоси доби неочекувана поддршка од претседателот Доналд Трамп во својата борба со новите демократи.

Републиканецот Трамп ја бранеше Пелоси и рече дека Александра Окасио Кортез од Њујорк треба да се однесува кон неа со „почит“.

Трамп исто така рече дека Пелоси „не е расист“.

Окасио Кортез ја обвини Пелоси дека ја издвојува нејзе и новите демократи, сите жени со боена кожа и ги критикува.

Тензиите меѓу Пелоси и некои помлади, напредни демократи во Претставничкиот дом неодамна беа јавно обелоденети. (МИА)