понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп ја прифати оставката на Ники Хејли

Трамп ја прифати оставката на Ники Хејли

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати оставката на амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли, и најави дека таа ќе ја напушти функцијата кон крајот на годината.

Трамп рече дека Хејли му рекла уште пред шест месеци дека сака да се повлече од таа функција и оти сака да се одмори малку.

Трамп во изјава за пофали Хејли за работата, велејќи дека функцијата ја извршувала „извонредно“. Тој рече дека таа е „многу посебна“ личност која ги „разбира работите“ и оти заедно решиле многу проблеми. Американскиот претседател порача дека Хејли може да се врати во администрацијата во друга улога и оти „може да избира“ што сака да работи.

Хејли (46) рече дека во овој момент нема планови за иден ангажман. Таа ги демантираше гласините дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година.

Претседателот на САД додаде дека во следните 2-3 недели ќе објави кој ќе биде новиот амабсадор во ОН.

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина беше именувана за амбасадорка во Светската организација набрзо по инаугурацијата на Трамп, во ноември 2016 година.

МИА