четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп место самит на Г7 ќе организира месечни видео конференциски врски

Трамп место самит на Г7 ќе организира месечни видео конференциски врски

Американскиот преетседател Доналд Трамп ќе го откаже состанокот на лидерите на  Г7 во Кемп Дејвид во јуни заради коронавирусот , а место тоа ќе организира видео конференција, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп претходено неделава оддржа видео конференција со лидерите на седумте најразвиени земји во светот, а истото го планира и за април и мај, како и за јуни, кога всушност треба да се одржи средбата на Г7.

Советникот за економија во Белата куќа, Лери Кудлов, ги запознал партнерите за овој потег на претседателот, пренесуваат британските медиуми.

Трамп планираше фокусот на самитот да биде економијата , одбегнувајќи ги темите како што се климатските промени.

Тој првично планираше гостите од Г7 да ги прими во еден од своите имоти на Флорида,но се откажа од идејата заради критиките дека од тоа би имал финансиска корист.

Групата седум најразвиени земји во светот , покрај САД, ја сочинуваат Италија, Јапонија, Канада, Франција, Германија, Велика Британија, како и ЕУ.